Во„Михајло Пупин“ ќе се формира паралелка поддржана од ЕВН Македонија

Од:

Во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје се планира формирање специјална паралелка за 25 ученици кои ќе имаат можност директно да се вклучат во работниот процес на ЕВН Македонија уште за време на нивното средно образование.

За таа цел беше потпишан меморандум за соработка меѓу ова средно училиште и ЕВН Македонија.

– Со потпишувањето на овој меморандум се отвора нова страница во стручното образование во Република Македонија. ЕВН е пример како треба директно да се поддржат образовниот процес и младите, изјави Ефтим Пејовски директор на СЕТУГС „Михајло Пупин“.

Тој додаде дека ова е добра можност за учениците кои ќе се запишат во учебната 2017/2018 година во насоката електроинсталатер и монтер.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер посочи дека со овој проект на ЕВН насловен како 20-20-20 им се нуди уникатна можност на 20-тина ученици во 2020 година по завршувањето на образованието да се вработат и да имаат загарантирана плата од 20 илјади денари.

– Постои побарувачка за квалификувана работна сила и ние мораме да нудиме атрактивна работа со перспектива. Да се започне како електро монтер во ЕВН не значи да се работи таа работа цел живот, туку може да биде почеток на кариера како специјалист или проектен инженер, рече Петер.

Според договорот за соработка, часовите за практична настава за овие ученици ќе се реализираат во просториите на компанијата и на терен под менторство на професионалци кои работат во ЕВН.

Проектот ги следи принципите на таканареченото дуално стручно образование и обука коишто се применуваат во Австрија, Германија и Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Предраг Петровиќ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните