„Волстрит журнал“: Франција и Холандија бараат реформи за почеток на преговорите со Македонија

Од:

ЕУ додели датум за почеток на преговори за членство со Македонија идната година, но, предупреди дека земјата треба да исполни интензивни домашни реформи за сериозен почеток на преговорите, објавува „Волстрит журнал“.

Изданието укажува дека одлуката за условен старт на преговорите била донесенa после 10 часа дискусија на министрите за надвореши работи на земјите членки во Луксембург.

– Исцрпувачките дискусии на министрите од ЕУ ја потврдуваат неодлучноста во Европа за понатамошно проширување, во време кога Унијата се судира со внатрешни поделби за низа прашања од доменот на владеење на правото до имиграција, пишува изданието.

Додава дека жолчните разговорите вчера попладне за малку не прекинале откако повеќе нацрт-одлуки биле одбиени.

– Франција и Германија ставија до знаење дека тие не се согласуваат за брзо отварање на преговорите (со Македонија и Албанија). Тие успееја да го поврзат конкретното отпочнување на преговори со способноста на овие две земји да се справат со независноста на судството и контрола на безбедносните служби.

„Волстрит журнал“ наведува дека францускиот претседател Емануел Макрон не ја поддржува идејата за проширување се додека ЕУ не усвои продлабочени внатрешни промени за полесно носење на одлуки.

– Го цениме постигнатот прогрес, посебно во Македонија, но овие земји треба да покажат стоицизам и низа резултати во подобрување на владеење на правото и борба против организираниот криминал, го цитира изданието Стеф Блок, холандски министер за надворешни работи.

Се додава дека Советот на Европа ќе даде извештај за напредокот на Македонија и Албанија на пролет. Доколку извештајот е позитивен, преговорите ќе бидат формално отворени во јуни 2019.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати