Мобилни тимови, составени од волонтери на Општина Струмица и Црвен крст, денеска на граѓаните им делеа флаери за заштита од коронавирусот.
Во акцијата беа опфатени продавачите и купувачите на пазарите во Струмица, кои, заради пазарниот ден, ги имаше во поголем број.
Освен на пазарите, флаери беа делени и на граѓаните во околните улици каде имаше зголемена фреквенција.
Мобилните тимови и во изминатите денови реализира повеќе активности.