Волерс: Не дали туку кога Македонија ќе влезе во НАТО

Од:

„Не е прашање дали Македонија ќе влезе, туку кога ќе влезе во НАТО. Јас би бил најсреќниот човек кога ќе видам дека тоа ќе се случи. Како што кажа и секретарката Клинтон прашање е само решението за името и Македонија веднаш ќе биде примена во НАТО“, изјави американскиот амбасадор Пол Волерс.

„Ние работиме овде денес заедно, работевме заедно во Авганистан и во Ирак така што сметам дека и понатаму ќе продолжиме да работиме заедно. На долги патеки, значи не е прашање дали Македонија ќе влезе туку кога ќе влезе во НАТО. Јас би бил најсреќниот човек кога ќе видам дека тоа ќе се случи. Како што кажа и секретарката Клинтон прашање е само решението за името и Македонија веднаш ќе биде примена во НАТО“, потенцираше Волерс.

Амбасадорот не ги коментираше последните изјави на премиерот Никола Груевски во кои ги обвинува НАТО, Франција и Германија за дволичност.

„Како што и порано рековме Aмбасадата нема да ги коментира изјавите на премиерот Никола Груевски. Заедно ќе продолжиме да работиме и натаму и се надеваме дека на следниот самит ќе имаме поповолен исход Што се однесува до самитот на НАТО има некакво чувство дека Македонија доби негативен извештај. Прашањето за влез на Македонија во НАТО воопшто не беше разгледувано“, рече Волерс.

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија

Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

А1он