Вокалот на бендот Љубојна, Вера Милошевска-Јосифовска на нејзиниот Фејсбук профил упати критика за промената на името на Македонија.
„ДРАГИ НЕПРОМИСЛЕНИ КОПУЦИ,
ИМЕ е поважно од нашите мали животенца, поважно и поголемо е дури и од нашите секојдневни политички и егзистенцијални проблеми. И нашето завршува еден ден. Со сè нашата тесноградост. Во само едно ИМЕ се крие цел еден вековен микрокосмос…
Животот не завршува со вас драги ЕГОТРИПОВИ, ќе оставиме ли нешто за идните генерации? Треба ли да оставиме достојна слика за оваа земја и оваа култура? Ќе почнеме ли да ја почитуваме и градиме вистински вредности или ќе тераме праудолу БЕЗ НИКАКОВ КРИТЕРИУМ И КАПАЦИТЕТ во амбисот на „демократијата“?!
Нашите предци не врзувале крај со крај, ма немале ни државна свест и своина, ама имале СЕБЕДОЖИВУВАЊЕ и знаеле кои се, а тоа е суштината на сето творештво низ вековите и сета духовна култура која ѝ предничи на материјалната и врз која се гради материјалната култура, онаа опипливата. Тоа е она што ги извива сите култури во светот со сè нивниот видлив просперитет, по кој упорно паѓаме во несвест, а нашата не си ја почитуваме, всушност, супер далеку сме од неа…
Сетете се на чукун и прадедовците, кои ни се среќавале брат со брат на различни соседни фронтови, апсурдно регрутирани. Сетете се каква специјална мекост и питомост носи ова земјуле.
Ако јас досега не ви покажав како се сака Македонија, АРАМ ДА ВИ Е ЗЕМЈАТА ШТО ЈА ГАЗИТЕ И ДУШИТЕ НА ВАС ШТО ГИ НОСИТЕ. КАДЕ ВИ Е СОБИТИЕТО, КАДЕ ВИ Е ЧОВЕЧНОСТА И СЕБЕПОЧИТУВАЊЕТО? ЗА МЛИТАВИ СТАВОВИ? ЗА ТОА ЛИ ТВОРИМЕ И СЕ БОРИМЕ СО СЕКОЈ НОВ МУЗИЧКИ И КУЛТУРЕН НИКУЛЕЦ? ТОЛКУ НАРОДНА ТВОРЕВИНА ШТО СИ ГО ЈАДЕ И ГАЗИ СВОЕТО, НЕМАМ СРЕТНАТО НИ ВИДЕНО.
Се расфрлате со правни и политички акти, се криете зад измислени неосновани ставови од незнаење, од немање интерес за подалеку од вашиот нос. Е па доста е ќутење другари. Доста е трпење ваши промашени перцепции за сè што се однесува на ова тло!!! Почнете одоздола, од искуството на овој менталитет. Нема ништо погрдно во тој збор, има само погрешно толкување и манипулирање.
БЕЗ ПОЧИТ кон партиски војници, другари, соборци-влекачи
Ваша Вера Македонска“