Групата Љубојна со концерт во Охрид

Од:

Групата Љубојна со концерт во Охрид, но во едно ново руво, во еден друг амбиент во “Кадмо Beach & Club“. Концертот ќе се одржи овој викенд на 15-ти Јули во петок со почеток во 23 часот. Влезниците за престојниот концерт на Љубојна може да се набават во предпродажба по промотивна цена од 200 денари во “Кадмо Бар“, “Кадмо Beach & Club“ и на штандот на “Кадмо“ на плоштадот во Охрид.

Групата Љубојна ова лето ќе одржи и концерти на “Д-Фестивал“; “Струмица Опен Фест“; “Пробиштип Summer Fest“; Радовишка “Самун ем Татлија“, концерти во Пекинг и Њујорк.

Македонската етно група „Љубојна“ неодамна сними и спот за новата песна со интересен наслов „Ракија“, каде гостуваат македонскиот трубач Џамбо Агушев и британскиот музичар Ола Д. Воедно, спотот е најава на летната турнеја на „Љубојна“.

Би можело да ве интересира

Инспиративен концерт на „Љубојна“ во Прилеп

Акустичен концерт на Љубојна на 22 декември во МОБ

Ана Ололовска

Вокалот на Љубојна: Копуци, името е поважно од нашите мали животенца

Наум Локоски

Концерт на „Љубојна” во Паркот на бранителите во Драчево

Емир Латифовиќ

Започнува 11. Културно лето „Три круши 2016″