Војнички шлемови и кубури се запленети на „Табановце“

Од:

Опрема за пронаоѓање злато и други метали, но и војнички шлемови и стари револвери кубури – антиквитети, се запленети на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински службеници при спроведена детална контрола на возило управувано од украински државјанин, извести Царинската управа.

„Во возилото во неколку торби и една кутија биле пронајдени три стандардни и еден мал детектор за метал, двоглед, седум војнички шлемови, мини стругалка, два стари револвери – кубури, една аукциска книга, лупа, мини дрон, како и препарирана глава од алигатор. Контролата на возилото е извршена поради основано сомневање во исказот на патникот, кој на прашање на царински службеници одговорил дека нема ништо за пријавување. Лицето и неговата сопруга патувале во две посебни возила и според нивните искази планирале подолго да се задржат во нашата држава. Стоката е привремено задржана, со што е спречена можноста за употреба на истата и вршење нелегални активности на територија на Република Северна Македонија. Против лицето е поднесена пријава за сторен царински прекршок“, извести Царинската управа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ

Мобилен царински тим спречи нелегална продажба на над 40.000 петарди и огномети

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти

А1он

Димитриеска-Кочоска: Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството

Николовски: Царината за пет месеци поднесе 85 кривични пријави