Воислав Зафировски разрешен од функцијата во Антикорупциската комисија

Од:

Комисијата за избори и именување со која претседава Илија Димовски со девет гласа „за“ го разреши поранешниот претседател, а сега член на Комисијата за спречување на корупцијата поради злоупотреба на службената положба.

Собраниската комисија одлучи по барање на Антикорупциска, а како причина за ваквото барање се наведува што Зафировски пред една година во допис до Советот на јавни обвинители, без да се консултира со комисијата, напишал дека нема судир на интереси кај Насер Ајдини кој конкурирал за заменик на јавниот обвинител.

Пратениците од ДПА се двоумеа дали всушност надлежна за разрешување на Зафировски е Комисијата, но претседателот на истата, Илија Димовски, објасни дека таа е надлежна за разрешување на членовите, бидејќи законот утврдува дека тие за својата работа одговараат пред парламентот. Како услов за нивно разрешување е предвидено само ако сами побараат, ако се осудени на затворска казна или поради смрт.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Антикорупциска ќе иницира постапка против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција