Воено медицинскиот персонал се вклучи во тестирањата за Ковид-19

Од:

Министерството за здравство информира дека Армијата на Република Северна Македонија со поддршка се вклучи во тестирањето на граѓаните од коронавирусот.

Тим од техничкиот персонал од Воено медицинскиот центар почна на терен, во асистенција на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) да им помагаат при земањето на брисеви за тестирање од вирусот Kовид-19.

Со оваа поддршка од страна на Армијата, значително ќе се зајакне, но и ќе им се олесни работата на екипите од ЦЈЗ. Тимот од Воено медицинскиот центар се вклучува поради зголемениот број на заразни лица.

МЗ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од овој корона вирусот, да соработуваат со епидемиолозите, и да даваат и точни информации во епидемиолошките анкети.

Само преку целосно придржување на мерките може да го спречиме ширењето на коронавирусот, истакнуваат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски