Воено-медицинскиот центар ќе го прослави Денот на единицата

Од:

Воено медицинскиот центар на АРМ денеска со воена свеченост ќе го одбележи денот на единицата.

Воената свеченост која е во рамки на активностите за 25 години од формирањето на Армијата на Република Македонија, согласно воениот протокол ќе се одбележи со постројување на единицата, пригодни говори и доделување на стимулативни мерки.

На свеченоста се очекува да присуствуваат претставници од генералштабот на АРМ, здружено оперативната команда, команди и единици на Генералштабот на АРМ и други гости.

Воено медицинскиот центар се наоѓа во организациско-формациската структура на командата за логистичка поддршка и претставува носител на медицинското обезбедување на АРМ, со главна мисија за зачувување и унапредување на здравјето првенствено на припадниците на АРМ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он