Воена делегација од Вермонт во посета на АРМ

Од:

Воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава Вермонт од САД , предводена од командантот, генерал-мајор Стивен Креј, од денеска ќе претстојува во тридневна официјална посета на АРМ.

За време на посетата, генералот Креј ќе оствари средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски и неговиот домаќин началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, а планирано да ги посети Воено-мецинскиот центар, Школата за обука на пилоти и воздухопловната бригада на АРМ.

Покрај унапредувањето на понатамошната соработка со НГ на Вермонт, целта на посетата на АРМ е и размена на искуства од научените лекции во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН, како и и учеството на АРМ во новата мисија на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“.
НГ на Вермонт е партнер на АРМ со кој се реализираат активности за соработка со Армијата на САД, координирани преку воената контакт програма, која е составен дел на севкупната билатерална соработка помеѓу двете армии.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он