Воена делегација на САД во посета на АРМ

Од:

Висока воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј, од денеска ќе престојува во тридневна официјална посета на АРМ.

За време на посетата, генералот Креј, на кого домаќин ќе му биде началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, ќе оствари средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски. Планирано е да ја посети Здружената оперативна команда на АРМ и да оствари средба со Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија.

Покрај унапредувањето на натамошната соработка со НГ на Вермонт, целта на посетата на АРМ од страна на командантот на НГ на Вермонт, како што истакнуваат од Министерството за одбрана, е размена на искуства од научените лекции во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН, учеството на АРМ во мисијата на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“ и разгледување на можностите за реализација на различни форми на индивидуална и заедничка обука.

НГ на Вермонт претставува партнер на АРМ со кој се реализираат активности за соработка со Армијата на САД, координирани преку воената контакт програма, која е составен дел на севкупната билатерална соработка помеѓу двете армии. Оваа програма се реализира преку различни форми на обука, како што се семинари кои се реализираат во Република Македонија и во САД, конференции, посети на воени бази, школски центри и институции во САД, како и изведување заеднички вежби. Воената контакт програма и соработката со НГ на Вермонт, на АРМ во голема мерка и го олесна достигнувањето на стандардите на НАТО во повеќе области.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он