„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испраќаат цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

Од:

Јавните претпријатија Водовод и канализација – Скопје и Комунална Хигиена – Скопје во координација со Град Скопје одлучија да испратат помош за гаснење на пожарот кој денес го зафати Кочани.

„Во моментот кон Кочани тргунуваат 6 цистерни на ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје, со цел да се помогне во гаснење на пожарот кој попладнево го зафати Кочани. Со заедничка едногласна одлука ја испраќаме оваа помош кон Кочани и кочанчани, со надеж за побрзо стопирање на огнената стихија. Солидарноста на нашиот град и нашите претпријатија секогаш ќе биде на располагање онаму каде што таа е потребна“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски