Водотеците во НП „Маврово” порибени со 20 илјади пастрмки

Од:

Во рамки на активностите за зачувуање и обнова на рибниот фонд, денеска беа порибени водите кои се на територијата на Националниот парк „Маврово”, со дваесет илјади парчиња поточна пастрмка. Порибувањето на Мавровското Езеро, Радика и нејзините притоки на четири локации го извршија стручни екипи со помош на Институтот за рибарство.

Од управата на паркот информираат дека ова порибување е седмо по ред во изминитиве шест години.

– Во овој дел од годината вршиме порибување со автохтона пастрмка со големина од 5 и 20 грама. Ова се прави во пресрет на риболовната сезона со цел на збогатување на рибниот фонд. Вакво порибување е планирано и за на есен, изјави Онер Јакупоски директор на НП „Маврово”.

Тој нагласи дека во рамки на надлежностите кои ги имаат како установа работат и на спречување на рибокрадството. Ренџерската служба минатата година, при редовните контроли открила неколку случаи и поднела 14 пријави на несовесни рибари кои ловеле риба со недозволени средства и во период кога има забрана за риболов. При овие активности биле запленети 40 метри мрежи и друг риболовен прибор.

Со акциите за порибување, водотеците во НП „Маврово” и Мавровското Езеро се порибени со над 250 илјади парчиња поточна пастрмка.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Русија ќе и забрани риболов на Британија во Баренцовото Море

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Сообраќајот на патот Гостивар-Маврово-Дебар во прекин до 16 часот

Ана Ололовска

Протест на жителите на Горна Река поради еколошката катастрофа во Националниот Парк Маврово

Катерина Ѓуровски

На Маврово вее снег

Горан Наумовски