„Водици во Прилеп“ најмаска на карневалот „Прочка“

Од:

Групната маска „Водици во Прилеп“ на прилепското здружение „Прочкари“ е избрана за најдобра маска на денешниот карневал „Прочка 2019“ на кој учествуваа околу 600 маски од земјава и од Балканот. Во изведувањето на маската учествуваа 30 членови на здружението.

Според претседателот на карневалското жири Хилда Црнеска, по денешниот успешен настап на маските доделени се награди за најдобри современи и најдобри традиционални маски. Најдобра традициона маска е маската на учесниците од селото Куратица, Охридско, второто место го освоија гостите од Турција, а третото е за Џаламарите од кавадаречки Сопот.

Групната маска „Метаморфоза“ на учесниците од Лесковац, Србија е најдобра современа маска на прилепскиот карневал. Второто место е за учениците од прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“ кои ја направија маската „Пролетна забава“, а третото е за „Малата сирена“ на прилепското танцово студио „Зодијак“.

На вчерашниот детски карневал, најмаска беше „Мадагаскар“на учениците од основното училиште „Блаже Конески“.

Наградите вечерва ќе ги додели прилепскиот градоначалник Илија Јованоски на заедничката забава на маските со што и официјално заврши годинашниов 18. меѓународен карневал „Прочка 2019“ на кој имаше бројни посетители од земјава и соседните земји.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он