А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Водата од напукнатиот канал од ХС „Брегалница“ навлезе во неколку домови во Кочани

by А1он06/07/2017 - 16:54116
Share0

Напукнатиот канал на Хидросистемот „Брегалница“ кој поминува низ населбата „Шатровиќ“ во Кочани им ги наполни со вода домовите, подрумите и гаражите на жителите на улицата „Киро Кикенски“.

Добивај вести на вибер

Водата која што непрекинато тече навлезе во домовите на луѓето кои реагираат и барат санирање на оштетениот канал или запирање на водата за наводнување.

Од Водостопанство на Македонија подружница „Брегалница“ Кочани ја признаваат вината за настанатиот проблем и велат дека раководителот на одржување бил на лице место за спроведување акција за санирање на штетите но веројатно не е санирано квалитетно, па каналот повторно попуштил.

– Целосно ја разбирам настанатата состојба со десетина куќи во атарот на улицата „Киро Кикенски“ во населбата Шатровиќ каде што имаме пукнатини на каналот. Доколку се укаже потреба за сопирање на водата, ние целосно ќе се зафатиме за санирање на состојбата на каналот кој патем да кажам е стар 40 години, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.

Гоцев информираше дека до почетокот на наводнителаната сезона биле регистрирани 100-тина пукнатини од кои 20-тина се целосно санирани.

kocani

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Горан Наумовски16/03/2026 - 12:20

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Горан Наумовски16/03/2026 - 12:03

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски16/03/2026 - 10:1116/03/2026 - 10:29

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 14:12

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 10:56

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 10:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто