Во ЗОО Скопје угинаа две лами

Од:

Две лами починале викендот во скопската Зоолошка градина. Резултатите од лабораториското тестирање од првата угината лама покажува дека таа била болна од туберколоза.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство за МИА потврдуваат дека во петокот на барање на скопската Зоолошка градина е спроведен вонреден инспекциски надзор по добиена пријава за угинување на една лама и уште една заболена лама.

– Земени се мостри за лабораториско тестирање од угинатата лама за која е потврдено со лабораториско тестирање дека била болна од туберкулоза. Мостри се земени од заболеното животно лама кое подоцна угинало. Резултатите од анализите кои треба да го утврдат причинителот за угинување и на второто животно се уште не се готови. На одгледувалиштето за лами во ЗОО градина Скопје, од страна на официјален ветеринар наредени се биосигурносни мерки со цел спречување на ширење на болеста и тестирање на останатите лами во одгледувалиштето, се наведува во одговорот од АХВ за МИА.

Денеска преку објава на Фејсбук реагираше и Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во Куќата на стравот т.е Скопје ЗОО погинаа две Лами од редок вид, за ова од институцијата молчат како и секогаш и навистина сум згрозен од целото ова кое се случува три години во нашата Зоолошка градина. Според неофицијалните информации кои ги поседувам, Ламите починале викендов, а првичните резултати неофицијално е дека истите починале од туберкулоза, стои во објавата на Фејсбук во која Кирков додава дека подолго време во ЗОО Скопје нема стручен ветеринар.

Би можело да ве интересира

ЗОО Скопје демантира дека се угинати над 40 животни

Јакимовски: Итно затварање на скопската Зоолошка градина и одговорност од надлежните

Од денеска повторно може да се оди во скопската Зоолошка градина

Зоолошката градина повторно ќе работи од сабота

Советот на Град Скопје не ја изгласа иницијативата за мораториум за внесување нови животни во ЗОО Скопје

Директорот на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување и масакрираше здрави, украсни птици

А1он