(ВИДЕО) Селмани: ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за реформи во медиумите, за да ги заштити партиските војници

Од:

Блокирањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги од страна на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека главна преокупација на пратениците на опозицијата не е судбината на МРТ туку преку одолговлекување на расправата да ги заштити партиските војници во Програмскиот совет на МРТ и Советот на Агенцијата за медиуми, рече претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

– Загрижени сме што опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку фиктивна амандманска расправа во собраниската комисија за транспорт и врски го блокира донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, вели Селмани.

Со измените на овој Закон се укинува коруптивниот систем за субвенционирање на домашна продукција во националните приватни телевизии, нуди нов модел за избор на управните органи на МРТ и Агенцијата за медиуми, поотпорен е на политички влијанија, а со него се намалуваат и казните за медиумите.

Според Селмани единствен недостаток на овој Закон е што не обезбедува стабилно и одржливо финансирање на МРТ и Агенцијата за медиуми, што е, како што кажа услов за нивната независност и професионалност.

За претседателот на ЗНМ чудно е што од поднесените 80 амандмани од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ниту еден не се однесува на овој недостаток на Законот.

– Несфатливо е зошто ВМРО-ДПМНЕ се противи на изборот на нов состав на Програмски совет на МРТ и на Советот на Агенцијата, кога од нивниот глас зависи кој ќе биде избран, рече Селмани.

Тој јавно ја повика претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска, идната недела да закаже продолжување на расправата по Законот, а пратениците од опозицијата да ја прекинат лажната дебата и да дозволат Собранието да ги изгласа измените.

Доколку не се изгласаат измените за Законот, парламентарното мнозинство треба да ја преземе одговорноста и да ги деблокира реформите во медиумите. Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи да се однесува неконструктивно, бараме Комисијата за прашања за избори и именување да утврди престанок на мандатот на тројца членови на Програмскиот совет на МРТ и еден член во Советот на Агенцијата за медиуми, бидејќи при нивниот избор не е почитувана законската процедура, вели Селмани.

Тој рече дека ако парламентарното мнозинство не постапи на овој начин, ќе се доведе во прашање посветеноста за усвојување на Законот за АВМУ и за спроведување на медиумските реформи.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје