ВИДЕО: Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ вечерва го одржува третиот во серијата протести на засебни теми кои партијата ги најави. Според најавите, собирот е „за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев.“

Протестниот марш започна пред Министерството за правда, а ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“, до зградата на Министерството за надворешни работи.

– Ова е мирен народен протест на кој ќе испратиме јасни пораки. Време е за гласот на тивкото мнозинство. Повикуваме сите да ни се приклучат во протестот кој треба да биде нашиот глас за она што не обележува како држава, стратешки интерес и бедем на нашето постоење, најавија денеска од ВМРО – ДПМНЕ.

„Стани Гоце те предадоа“, „Или Гоце или Заев,“ „Гоце е црвената Линија“, „Ние сме држава не територија,“ – се дел од извиците што можат да се слушнат и од натписите на транспарентите што можат да се видат на протестот.
Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ извикуваат „Македонија, Македонија“, „Никогаш северна, само Македонија“ и свират со свирчиња.

Покрај македонските знамиња, демонстрантите веат и знамиња на ЕУ, како поддршка на земјата за членство. Се пее и „Едно име имаме,“ „Излези момче право на тераса“…

Повеќето присутни се облечени во црвени и бели маици со ликот на Гоце Делчев, а на главниот транспарент пишува „За ЕУ, За Македонија и за Гоце Делчев“. Маршот го предводи граѓанин кој удира на тапан, а се огласува и сирената што можеше да се слушне на претходните протести.

Инаку, попладнево, од ВМРО-ДПМНЕ испратија уште едно соопштение, во кое предочуваат дека имале сознанија за обиди да се уфрлат провокатори чија цел е да го дискредитираат собирот.

„Предочуваме за сознанија за уфрлање на поединци кои се инструирани од власта, кои ќе имаат за цел да го дискредитираат протестот со елементи на говор на омраза и изразување на ставови кои не се дел на партијата, за да подоцна се дискредитира ВМРО-ДПМНЕ,“ велат од партијата.

„Однапред се оградуваме од таквите инструирани сценарија кои само им одат во прилог на структурите на власта кои ја држат државата заробена и не посакуваат напредок. Токму затоа на однапред видно одбележано место пред Министерството за правда ќе се делат пораки и транспаренти кои ќе бидат дел од протестот чија јасна цел ја кажуваме денес,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски