21:01 Заврши протестот во Скопје против одлуката на Иванов за аболиција на политичарите и изборите на 5-ти јуни.
Со боја беше исфарбан споменикот на Прометеј, Триумфалната порта и задната страна од градското Собрание.
20:28 Голем број припадници на МВР ги чуваат просториите на Град Скопје. Демонстрантите фрлаат боја врз бараките, од задната страна, со оглед на тоа што главниот приод кон градското Собрание е блокиран од полицијата.


20:11 Протестниот марш се движи по Илинденска која на вчерашниот протест беше блокирана и се упати кон седиштето на град Скопје во градскиот парк.
20:05 Албанско и македонско знаме пред Влада.


19:56 Цар Самоил: Го ослепевте народот

19:52 Боја и врз „Воинот на коњ“

19:47 Албанско и македонско знаме на фонтаната на плоштадот.

19:40 Граѓаните се движат низ Триумфалната порта кон плоштадот Македонија.

19:23 Се читаат барањата на „Протестирам“
#протестирам pic.twitter.com/yFSg8k8lK1
— filipgjurcin (@filipgjurcin1) April 20, 2016
19:16 #шаренатареволуција

19:09 Музика ечи пред Собранието каде што пристигнуваат демонстрантите од граѓанското движење „Протестирам“. Во моментов илјадници граѓани се собираат пред Парламентот каде што продолжуваат протестите.
19:08 Прометеј избоен во розево
19:00 Колоната помина покрај Министерството за правда извикувајќи „Дојдете со нас“.

18:40 Демонстрантите од пред Специјалното јавно обвинителство се упатуваат кон Собранието каде што ќе го изразат својот револт.
18:19 Се зголемува бројот на граѓани пред СЈО, некои со транспаренти, други со свирчиња, но со една цел, како што велат, оставка на Иванов и на владата.

18:20 Кои се барањата на граѓанското движење #Протестирам

18:14 Со свирчиња и вувузели почна денешниот, осми протест, пред Специјалното јавно обвинителство.
Се очекува демонстрантите да продолжат кон Собранието и пред Владата.

