Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протестот пред Министерство за правда, истакна дека биле обвинувани за режим, но, како што рече, сега гледаме што е режим.
„Реваншиџмот ќе роди нов реваншизам. Апел до правосудните органи – не правете неправди и не го делете народот зашто тоа ќе роди неправда и реваншизам. Овие апсења на пратеници и недолжни граѓани имаат цел владата да крене димна завеса да се покрие обврската за спроведување туѓи проекти“, рече Милошоски.
„Денеска Владо Јовановски е новиот Ристо Шишков. Единствена вина за што е во затвор е што ја пеел химната“, додаде Милошоски.
Меѓу присутните на протестот, во првите редови беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и екс министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, кој е еден од пратениците за кои се бара одземање на пратеничкиот имунитет.
„Изеднучавање на оперскиот пејач со терористите е голем срам за Македонија. Ова е политичка инквизиција. Го осудуваме политичкиот прогон. На удар е секој кој ја сака Македонија. Власта се изживува со патриотите. Хунтата го држи во грч цело судство“, рече Дарко Костовски.
Г.Н.Р



