Во основниот кривичен суд во Скопје се изрекува пресудата во случајот со ракометарот Денис Тот. За кривичното дело убиство се гонат обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Согласно обвинителниот акт, тие се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го претепале до смрт хрватски државјанин.