(ВИДЕО) Заев: Планот беше да не линчуваат, дел од хулиганите се од полицијата

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од партиското седиште посочи дека вчерашниот напад бил обид за убиство по план и добра умисла, почнувајќи од влезот, однесувањето, посочувањето, координарањето со одредени структури во Собранието.

Насилството врз новинарите и врз легитимно избраните претставници од граѓаните е потткнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Вељаноски, Митко Чавков и група нивни соработници кои ги погодува трансферот на власта, кој носи правда и одговорност, рече Заев.

Тој притоа повика на итна оставка на директорот за јавна безбендост Митко Чавков.

Заев истакна дека нема намера да присуствуваат на лидерска средба што вчера преку јавно обраќање ја свика претседателот Иванов, истакнувајќи дека тој е дел од проблемот, и не може да биде дел од решението.

На прашањето дали знае кои се лицата кои вчера брутално тепаа новинари и пратеници, Заев рече дека тоа истрагите ќе го откријат.

-Јас лично ги познавам кои се тие кои со жар и крв во очите бараа одземање на животите. Дел беа полицајци, дел се бандити. Никој нема да остане трајно скриен зад својата маска, рече Заев.

– Изразувам почит до пратеникот Влатко Ѓорчев и други негови колеги и тоа го почитувам. Вчера беше атак за рушење на се што е уставно. Министерот Нухиу кажа се. Очекувам одма оставка од Митко Чавков и нека бега подалеку – рече Заев.

Заев рече дека пратениците на ДУИ, меѓу нив и Талат Џафери, рамо до рамо кога започнал инцидентот.

– Тие беа тепани и удирани исто како нас. Отстуството на Али Ахмети вчера беше договорено и беше дел од заедничкото наше сценарио, вие согледајте зошто – нагласи Заев.
„Направивме голем чекор напред, во демократските процеси според мнозинската волја на граѓаните. Избравме нов претседател на парламентот и во периодот што претстои процесите ќе продолжат до формирање на нова рефромска влада.

Сакам јавно да упатам честитки новиот претседател на Собранието, Талат Џафери и да порачам дека одлучно стоиме зад демократијата во Македонија, којашто носи добар живот и вистински евро-атлански перспективи за државата“, рече Заев.

„Насилството не е демократска вредност. Насилието врз новинарите и врз легитимно избрани претставнци на граѓаните е поттикнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Вељаноски, Митко Чавков и група нивни соработници кои ги погодува трансферот на власта што носи правда и одговорност. Тие се подготвени за своите инетреси да ги жртвуваат граѓанските и државните интереси.

Насилството е резултат на режимот во распаѓање. Вчерашниот ден беше тест за Македонија и за сите граѓани“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На Скопје не му требаат рецилираните споменици од времето на режимот

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот