(ВИДЕО) Костовски: Власта ја вработи ќерката на Таки Фити во Светска Банка

Од:

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ќерката на претседателот на МАНУ, Таки Фити е вработена во Светска Банка во Вашингтон, како претставник на Република Македонија.

Според партијата, нејзиното вработување, се совпаѓа со промената на ставот на Таки Фити за името.

„Ќерката на Таки Фити, Нина Фити, е испратена од Владата во Светската Банка како претставник на Република Македонија, но Владата уште нема соопштено дали и кој е испратен за оваа функција во Вашингтон“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Таки Фити, рече Костовски, претходно велеше дека Владата ќе мора да се избори за решение за името, кое нема да биде за севкупна употреба. На 11 септември, додаде Костовски, Таки Фити кажа дека постигнатото решение е релевантно за МАНУ.

Сашка Додевска

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче