(ВИДЕО) Стаменковска: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немаат потпишано платформа дека нема да гласаат за уставни измени

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема потпишано платформа со која се обврзува дека нема да гласа за уставни измени, вели Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа ги отфрли информациите во јавноста дека партијата презела ваков чекор.

Стаменковска вели дека пратениците не оствариле средба со претставници на власта, по најавите дека премиерот ќе се обиде да убеди уште деветмина пратеници, колку што му фалат, да за обезбеди дво-третинско мнозинство.

Стаменковска го повтори ставот дека таа лично нема да гласа за уставни измени согласно Договорот со Грција.

На прес-конференција, таа се осврна и на администрацијата, барајќи од власта да одговори дали е вистина дека во Генералниот секретаријат на владата над 50 вработени неосновано се казнуваат со дисциплинска одговорност. Стаменковска рече дека власта продолжува со притисоци во администрацијата, а во таа насока обвини дека од ЈСП биле избркани тројца вработени, ден по референдумот.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче