(ВИДЕО) Заев: ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да повикаат на бојкот

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска ги повика граѓаните на Република Македонија да излезат на референдумот, распишан за 30 септември, нагласувајќи дека сега е моментот секој граѓанин на земјата да ја преземе одговорноста за иднината.

– Секој од нас е должен да ја преземе одговорноста за својата иднина и за иднината на својата земја. Вашиот глас е ваше право. Не дозволувате некој да го злоупотреби вашето право, рече Заев на прес-конференцијата на која беше придружуван од сите министри во Владата.

Нагласи оти граѓаните не смеат да дозволат никој да ги поколеба да илезат и да го кажат своето мислење за Договорот од Преспа и за влезот на земјата во ЕУ и НАТО и додаде дека Владата ќе го почитува исходот од демократскиот избор, без разлика на резултатот.

– Сега е време за одлука. Сетете се на референдумот од 1991 година, голема одлука на голем државотворен народ, кој се определи за својата иднина, за независна држава. Тогаш покажаме дека сме народ, кој учи од историјата, народ поучен од историјата дека нема да ги повторува нејзините трауми. Секој од нас е должен да ја преземе одговорноста за својата иднина и за иднината на својата земја, порача Заев.

Им се обрати и на како што рече сите чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ да ја сфатат важноста на моментот и им порача дека вратата е отворена.

На прашањето како мисли да постигне цензус за референдумот, Заев кажа дека ВМРО-ДПМНЕ на лидерските средби кажало дека нема да повикува на бојкот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски