(ВИДЕО) Филипче: Новиот Клинички центар ќе се гради во Злокуќани

Од:

Новиот Клинички центар ќе се гради на нова локација, а не на местото на сегашниот, соопшти попладнево на прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.

Покрај новиот Клинички центар, на новата локација во Злокуќани во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина. Тоа, како што посочи, ќе биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани.

Одлуката за дислокација, наведе Филипче, е донесена по широки консултации со лекарите, архитектите и граѓаните.

Сегашната локација е загушена, не е можно сообраќајно решение и не обезбедува пристап за граѓаните до соодветна здравствена заштита.

Филипче посочи дека постојат одредени финансиски обврски согласно претходно потпишаниот договор за изградба на Клиничкиот центар, но оти Владата ќе се обиде да се договори ново решение и да не се плаќаат пенали.

Изградбата на новиот Клинички центар се очекува да почне за година и пол, а да трае четири до пет години.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски