(ВИДЕО) Димитров: Доколку ова го изиграме вешто ќе имаме светла европска иднина

Од:

Далеку сме од целокупниот потенцијал на отворањето. Потребно ни е одржливо решение, кое ќе ни овозможи напредок. Ако ова го изиграме вешто ќе имаме светла европска иднина, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров по средбата со грчкиот министер Никос Коѕијас.

Димитров истакна дека имал добри разговори со Коѕијас кои започнале уште вчера, на кои се разговарало за името и иднината на двете држави.

Тој вели дека е тешко да се најде разлика во интересите на двете земји, но разлики во ставовите за името постојат.

„Се работи за деликатен баланс, се обидуваме да изградиме доверба и од двете страни има желба проблемот со името да се надмине, без да се омаловажи било која страна, а вратите да останат отворени. Ако има потреба со колегата Коѕијас ќе се сретнеме уште неколку пати“, рече Димитров.

На прашањето како планира Владата на Република Македонија да го промени името, кога во Членот 119. од Уставот на државата стои дека името на државата е Република Македонија, Димитров рече дека овој член директно не навлегува во прашањето за промена на името и дека не би било мудро подлабоко да одговара на ова прашање и да навлегува во уставните одредби.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија