(ВИДЕО) Филипче: 5 отсто поголема плата за здравството

Од:

Од септември здравствените работници ќе примаат повисока плата за 5 отсто, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Основицата на платата на здравствените работници од септември ќе се зголеми од 12 654 на 13 286 денари. Вкупните средства на годишно ниво за ова зголемување ќе бидат 469 935 384 денари за плати на 19 123 здравствени работници во јавните установи“, рече тој.

Филипче рече дека смета оти ова ќе биде поттик за работниците да продолжат со ангажман во нашата земја.

Во врска со реакциите од Синдикатот на клинички центри дека зголемувањето е мало, Филипче рече дека можеби звучи малку, но ова е само еден дел од поширок план. Министерот истакна дека во текот на следната година платите за специјализантите ќе бидат зголемени на 100 000 денари.

Сашка Додевска

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска