(ВИДЕО) Дерковски: Еден од двата услови за успешен референдум не е исполнет

Од:

Државната изборна комисија врши организација на овие процеси, одлуките се сметаат за усвоени ако за нив гласале повеќе од половината граѓани запишани во Избирачкиот список, освен за одредени прашања ако поинаку не е утврдено.

Треба да се исполнат двата кумулативни услови, јасно е дека на овој референдум не е исполнет еден од условите, изјави претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Тој истакна дека ДИК не навлегува во политички коментари, туку само го цитира законот.

ВО ЖИВО: Резултати од гласањето на референдумот

ВО ЖИВО: Резултати од гласањето на референдумот

Posted by A1on.mk on Недела, 30 септември 2018

„Член 30, став 1 во Законот за референдум вели дека одлуките на референдум се сметаат за усвоени ако за нив гласале мнозинството од вкупниот број граѓани кои гласале доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број гласачи запишани во Избирачкиот список освен во случаите кога за одделни прашања со Уставот и со овој Закон поинаку не е утврдено. Што значи согласно овој член потребно е исполнување на двата кумулативни услови за да се донесе одлука на референдумот. Во овој случај после 85 – 6 пребројани резултати трендот кој што го имаме на процентот на излезеност јасно е дека еден од условите нема да биде исполнет, односно на референдумот не е донесена одлука“, рече Дерковски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа