(ВИДЕО) Шчербак: Македонија ќе добие адекватен и смислен одговор за непријателскиот чин

Од:

Рукиот амбасадор Олег Шчербак најави дека Русија ќе возврати со мерки за протерувањето на дипломатот од амбасадата во Скопје. Тој кажа дека Русија има долга и искусна дипломатија и во тој контекст не и се брза да ги соопшти мерките.

– Русија ќе испрати добро смислен и адекватен одговор, рече амбасадорот и спомна дека Македонија не понудила никакви докази за шпионски активности на протераниот дипломат.

– Со големо жалење забележуваме дека некои држави меѓу кои и властите на Македонија потпаднаа под чекори, кои се непријателски за Русија, му веруваат на Лондон и на сметка на интересите на своите држави и на билатералните односи, донеле избрзана одлука за протерување на нашиот дипломат, оцени денеска на прес-конференција рускиот амбасадор Олег Шчербак во земјава.

Според него, британските власти спротивно на сите норми на меѓународното право, етиката и здравиот разум засега одбиваат да соработуваат со Русија.

– Промовираат кампања за оцрнување и демонизација на Русија. Се одвива намерно напумпување на конфронтацијата. Врз основа на уцена, брутален политички притисок, инспирирано е неосновано протерување на руските диломати, најавени се низа мерки и санкции, рече амбасадорот.

Тој додаде дека Русија упорно го повикува Лондон за тесна соработка за да има детална истрага за трагедијата во кога со гас бе затруени двојниот руски шпион Скрипал и неговата ќерка.

Според амбасадорот, однесувањето на британските власти поставува многу прашања и кажа дека официјална Москва се сомнева дека токму безбедносните служби на Англија ги отруле руските државјани.

– Населението на Велика Британија го држат во незнаење за клучните аспекти на тој случај. Не е позната вкупната бројка на настрадани, ниту пак местоположбата ниту здравствената состојба на повредените руски државјани, чии права се кршат на најбрутален начин, рече тој.

Амбасадорот информираше и дека во Скопје е отворена книга на жалост по трагедијата во трговскиот центра во Русија, каде животот го изгубија десетици деца. Тој додаде дека идната недела, кога ќе се одбележуваат девет дена од трагедијата, ќе се одржи молебен во црквата „Свети Архангел Михаил“ во Автокоманда.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа во напад на руски дрон во регионот на Киев

Петмина се убиени во руски напад со беспилотно летало врз воз во регионот Харков

Шиплин: Подобро е да се тргува отколку да се војува со Русија

Горан Наумовски

Тројца Руси планирaа напад врз руската железница на барање на украинските служби

Дмитриев: Повлекувањето од Донбас е патот кон мирот за Украина

Русија: Имаме докази за претставници на ЕУ да одговараат пред Трибуналот