ВИДЕО: МВР регистрира четири инциденти на гласањето, апелира на воздржаност од нарушување на јавниот ред и мир

Од:

Од отворањето на гласачките места досега се регистрирани вкупно четири инциденти, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Како што рече на прес-конференција, на гласачкото место во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром К.Ж. (22) навредувал граѓани и физички нападнал полициски службеници поради што е приведен во полициската станица.

– Осумдесетгодишен маж од Зубовце, Гостиварско, пријавил дека бил навредуван во врска со референдумот од 64-годишната С.М.. Таа е повикана во полициска станица и се работи на расчистување на случајот. Во Струга, пак, пријавено е фотографирање со мобилен телефон од тераса на зграда близу избирачкото место во ОУ „Браќа Миладиновци“ на улицата „Јован Стефаноски – Риле“. Веднаш се преземени мерки и лицата се однесени во полициската станица, истакна Ангеловски.

Според него, четвртиот инцидент е на гласачкото место во ОУ „Ванче Прќе“ во Штип. Б.О. пријавил дека при достава на храна на избирачкиот одбор бил фотографиран и навредуван од Е.С. Е.С е во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

– Ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат законите и да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и на тајноста на гласањето. Секое спротивно однесување на законите МВР нема да го толерира за да обезбеди непречено и мирно гласање, апелира портпаролот Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он