Заев: Договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси на Македонија

Од:

Договорот за добрососедство со Бугарија е во согласност со националите интереси на Македонија. Ќе биде потпишан на македонски јазик според Уставот на Република Македонија и на бугарски спроед Уставот на Република Бугарија, истакна македонскиот премиер Зоран Заев попладнево на прес-конференција во Владата.

Договорот, како што наведе, ќе биде објавен на веб страницата на Владата, со што ќе стане јавно достапен за сите. Заев нагласи дека договорот отвора огромни перспективи за соработка и за решавање, а не за создавање на проблеми. Во Бугарија имаме пријател и сосед со кој заеднички ќе ги решаваме проблемите, и кој го поддржува приемот на Македонија во ЕУ и во НАТО без условување, рече Заев.

Документот ќе помогне за интензивирање на севкупната соработка меѓу двете земји, рече Заев посочувајќи дека очекува сегашната трговска размена меѓу двете земји која изнесува меѓу 500 и 600 милони евра да достигне милијарда евра.

Потсети дека сегашната Влада го финализирала договорот што почнал да се подготвува уште во 2009 година. Премиерот Заев рече и дека очекува македонската опозиција да го поддржи Договорот за добрососедство со Бугарија.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски