(ВИДЕО) Џафери: Вратите на Собранието се отворени за граѓаните и невладините

Од:

Собранието ги отвори вратите за граѓаните и невладиниот сектор. Со гордост ви кажувам дека ќе го вратам редот во Собранието, почитувајќи го Уставот, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната средба со невладините организации.

– Ми претставува особено задоволство што денес во Собранието на Република Македонија се одржува настан поврзан со иницијатива од граѓанскиот сектор за заштита на охридскиот регион како единствен заштитен од УНЕСКО, рече Џафери.

Тој потсети дека ги Собранието ги отвори вратите за граѓаните да можат да ги следат седниците и кажа дека ќе се залагаат за поголема соработка со невладините организации.

На средбата освен Џафери говореа пратеничките Ирена Стефоска и Маја Морачанин, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и Александра Бујароска од еколошкото здружение Фронт 21/42.

На денот на Охридското Езеро пратениците и претставниците на невладините организации договорија зајакнување на соработката со цел да се заштити езерото кое што како што реакоа е заштитен знак на државата.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик