ВИДЕО: Седница на ДИК

Од:

Државната изборна комисија одржува седница на која седум од осум приговори на Движењето БЕСА се отфрлени, а за осмиот приговор беше побарана пауза од еден час. По продолжението повторно беше побарана пауза до 10 минути откако е побарано да се види записникот од избирачкото место 2011 на што се однесува приговорот од Коалицијата предводена од СДСМ.

Гласачкото ливче на крајот од гласањето е најдено во гласачката кутија што упатува на сомнежот дека се работи за таканаречениот “бугарски воз“.

-Фалеше кочан, но подоцна беше пронајден во кутијата, рече членот на ДИК, Силвана Бонева. Не се работи за гласачко ливче кое исчезнало, туку за кочан кој потоа бил најден во кутијата.. Никаде не шетал, туку е пронајден во кутијата. Моја претпоставка е ОИК не сакала да ја повреди тајноста на гласањето и затоа не сакала да го извади кочанот од кутијата, рече таа.

Прв пат слушам дека кочан се фрла во кутија, возврати Виолета Дума, член на ДИК и посочи дека не треба ДИК да прави филмови кој што замислува, туку да постапи согласно законот, и да го поништи гласањето во ИЕ 2011.

Образложението на мнозинството членови на ДИК во однос на приговорите на БЕСА беше дека тие биле правно неосновани, не содржеле докази и оти се поднесени откако беа објавени резултатите од гласањето и соопштувањето на бројот на мандатите.

Во 16 часот членовите на ДИК заминаа на едночасвна пауза откако ги повикаа претседателот и членовите на Избирачкиот одбор од избирачкото место 0396/1 – Гостивар во ИЕ 6 да дојдат на сослушување бидејќи од записникот беше утврдено дека членоите на ИО утврдиле обид една жена да гласа по вторпат. Приговор за ова избирачко место поднесе БЕСА со тврдење дека е овозможено гласање за друг.

Седницата по паузата ќе продолжи со расправа по приговорите на СДСМ, а отако ќе заврши одлучувањето за овие приговори, членовите на ДИК ќе го сослушаат ИО од избирачкото место 0396/1 во Гостивар.

Во расправата по приговорите, Сашо Срцев истакна дека сите приговори на БЕСА се правно неосновани и без материјални докази. Потенцираше дека членовите на ова највисоко изборно дело во државата денеска се во центарот на вниманието на јавноста и оти својата работа по приговорите треба да да ја завршат строго професионално, непристрасно и според сите законски прописи. Срцев за време на дискусиите укажа дека ДИК со помош на меѓународната заедница изготви Правилник за начинот и за постапките за решавање по приговори и дека ДИК треба да работи врз основа на овој подзаконски акт.

Според Бедредин Ибраими, во приговорите на Движењето БЕСА нема никакви докази, ниту тие се правно издржани. – Погрешно се информира јавноста за изборниот процес и се прават драми, смета Ибраими. Членовите на ДИК, според него, се сами виновни што има коментари за нивната работа бидејќи тие се впуштиле во дебата за правно неосновани приговори. – Во оваа држава има закони и подзаконски акти, ние дозволивме беспотребно да се впуштаме во дебата, рече Ибраими.

Игор Милев и Виолета Дума гласаа „за“ прифаќање на дел од приговорите на БЕСА и сметаа дека има основа тие да бидат прифатени. Игор Милев по службена должност бараше отворање на гласачка кутија од едно од изборните места за кое БЕСА тврдеше дека на неколку неважечки ливчиња не било ставено печат за подоцна да бидат прогласени за неважечки. Членовите на ДИК не го прифатија предлогот на Милев. Од записникот беше констатирано дека на ова избирачко место има само три неважечки ливчиња, а Атанас Урумов констатираше дека во приговорот има прејудицирање и оти тој е без аргументи.

Со тврдење дека приговорите на БЕСА се правно неосновани беше и Субхи Јакупи, кој рече дека на ДИК не и доликуваат политички говори и да се прави притисок како да гласаат членовите. – Ние правиме пат за нешто што не е законско, рече меѓу другото Јакупи на седницата.

Приговорите на БЕСА се однесуваа на избирачки места во Втората и во Шестата изборна единица.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он