ДИК: До 11 часот излегле 8,03%

Од:

Одѕивот на референдумот до 11 часот е 8,03 отсто од запишаните гласачи, информира, на втората прес-конференција, Државната изборна комисија.

Највисока излезност има во Центар – 13,31 проценти, Крива Паланка 13,08 проценти и Карпош – 12,51 процент.

Најнизок одѕив има во Могила – 3,16 проценти и Пласница 3,30 проценти.

Според портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска гласањето тече мирно и без проблеми. Таа потсети дека во процесот на гласање, гласачите имаат право на два вида приговори.

До овој момент се поднесени седум пригорои за заштита на личното избирачко право, од кои три се одбиени, а четири се во фаза на обработка. Таа објасни дека приговорите се однесуваат најчесто на тоа што граѓаните не биле запишани во изводите на Избирачкиот список. Таа вели дека во законски рок ќе им биде одговорено од страна на ДИК.

ВО ЖИВО ОД ДИК: Одѕив до 11 часот

ВО ЖИВО ОД ДИК: Одѕив до 11 часот

Posted by A1on.mk on Недела, 30 септември 2018

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште