(ВИДЕО) Заев: Референдумот ќе успее, цензусот ќе биде надминат

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на заедничката прес-конференција со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг истакна дека Столтенберг лично ја потпишал поканата за членство на 12 јули. Тој нагласи дека тоа ја афирмира грижата за безбедноста и стабилноста на земјата.

„Владата презема низа активности за влез во НАТО. Формиравме комитет со кој ќе претседавам јас. Спремаме план за имплементација на реформи во согласност со НАТО, посебен акцент на владеење на правото, борба со корупција, безбеднсоните служби.

Премиерот Заев рече дека претстојниот референдум ќе биде важен предизивик за земјата и дека е сигурен оти ќе успее.

„Се сметам за најголем оптимист, како наближува историскиот ден 30 септември се повеќе имам причини да не размислувам што ако. Убеден сум дека цензусот ќе биде видливо надминат и веке немам дилема“ порача Заев.

Тој истакна дека се наоѓаме на историски крстопат за иднината и ја повика опозицијата да покаже единство и да се вклучи во процесите.

„ЕУ и НАТО се приоритети. Кампањата е базирана на транспаренрност и објективно да ги информираме граѓаните за придобивките од членството. Успешен референдум за да продолжиме со уставните измени и протоколот за НАТО да го потпишеме на почетокот на 2019 година. Анкетите охрабруваат, граѓните сакаат во НАТО и ЕУ, 75 проценти го поддржуваат референдумот“ додаде Заев.

Тој и лично му се заблагодари на Столтенберг за поддршката и рече дека со нетрпение очекува да биде Македонија раноправна членка.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија