(ВИДЕО) Заев: Правото беше оттргнато од божицата на правдата и фрлено во рацете на политиката

Од:

„Судството мора да биде ослободено до стегите на политиката. Владата секогаш ќе биде на позицијата на поддршката на строгата поделба на трите столба на власта. Застапник сум на концептот за зачувавање на интегритетот на судиите и на нивната независност. Самостојни и независни судии се истовремено јавното лице на правдата. Тие се чувари на владењето на правото“, порача премиерот Зоран Заев по повод одбележувањето на Денот на правосудството во Скопје.

Тој на судиите им порача: „Од вас граѓаните очекуваат да бидете чувар на правдата, затоа што вашите одлуки имаат сериозно влијание врз нивниот живот“.

Според Заев, корупцијата ги поткопува темелите на државата, ги разнишува институциите и им се заканува со нивно распаѓање.

„Република Македонија се соочи со една таква закана, правосудството беше отргнато од рацете на Јустиција и беше фрлено во рацете на политичката моќ“, рече Заев, додавајќи дека врвен приоритет е создавање услови за целосна рехабилитација на правосудниот систем. Интегритетот останува личен влог на секој до судиите да биде вграден во новото лице, рече Заев, истакнувајќи дека реформите во праводуството се од суштинска важност.

„Владата е посветена на спроведена на суштински реформи со цел враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Се стремиме за ефикасно независно и самостојно судство. Ова ќе биде година на најважните правосудни реформи. Се очекуават темелни реформи на Судскиот совет, на Академијата на судии и обвинители…Овие потфати ги очекуваат граѓаните од нас и затоа треба да работиме на кредибилни правосудни реформи“, потенцираше премиерот, според кој деновиве треба да се видат резултатите од дијалогот со опозицијата, од која се бара поддршка за реформите кои следат. Тој ги повика сите чинители, пред се правосудните институции, да се формира општествен консензус за реформите во правосудството.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски