ВО ЖИВО: Меѓународен ден на студентите – протестен марш за подобри стандарди

Од:

Денешниот Меѓународен ден на студентите ги обедини академските граѓани повторно да излезат на протестен марш, барајќи подобрување на студентскиот стандард. Маршот ќе започне пред Владата, каде веќе се собираат студентите, а предвидено е да заврши пред Министерството за образование и наука.

Тука, ќе ги истакнат своите барања за издвојување на пари од буџетот за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на законот за студентски оброк и зголемување на сумата на 150 денари дневно, изедначување на стипендиите, подигнување на квалитетот на образованието и негова дигитализација.

Неколку часа пред почетокот на маршот, од движењето „Студентски отпор“ ги повикаа средношколците, професорите, деканите и ректорите да им дадат поддршка, додека на политичарите им порачаа дека не се добредојдени.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ: За 48 часа сме подготвени да го исполниме она што студентите го посочуваат како неисполнето

Заврши протестот на студентите, министерот ќе ја разгледа нивната иницијатива за календар на активности

Темелковски: Не се откажуваме од ветените 140 денари за студентски оброк

Ана Ололовска

(ВИДЕО): Жолт картон како „прва опомена“ од студентите, порачаа дека нема компромис со студентскиот стандард

Горан Наумовски

(Интервју) Славчо Темелковски: Студентите не веруваат во ниту една политичка партија

Студентски Отпор: Масовен студентски марш в четврток во 17 часот

Ана Ололовска