На улицата „Македонија“, почна традиционалната парадаво организација на граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-стар“ во соработка со коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.
И годинава по десетти пат, сексуалните работнички за своите права ќе се борат за своите права под мото „Стоп на насилството врз сексуалните работници!“
„Сексуалните работнички го креваат гласот против насилството. Повеќе од една деценија се одбележува. Оттука имаме резултати после десет годони има силна заедница и поддржувачи и горди сме за тоа.Но нема слух од институции , професионални социјални служби и полиција. Ве молиме да ги тргенет на страна предрасудите и осудите“, порачаа сексуланите работнички од маршот на црвените чадоро кој се одржува по десети пат“.
Како претходница на парадата вчера попладне сексуланите работнички преку перформанс на излози на скопскиот булевар Св. Климент Охридски, нудеа услуги за да го свртат вниманието кон проблемите за кои се залагаат.
Организаторите на настанот посочија дека бројката од 3.000 до 5.000 сексуални работници во Македонија што кружи во медиумите не е точна.Тврдат дека таа е многу поголема.
Г.Р.