(ВИДЕО) Дончев за смртта на малата Ева: Стапивме во контакт со германската болница, но не добивме понуда за лекување

Од:

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, на денешната прес-конференција на која ја образложи процедурата за лекување во странство за случајот со Ева Крстановска, рече дека стапиле во контакт со германската болница но оттаму не добиле никаква понуда за лекување и со оглед на тоа од стручната служба на ФЗОМ не можеле да ја одберат таа болница.

Како што рече Дончев, до ФЗО пристигнале вкупно три понуди за лекување, две од Турција и една од Италија, откако барателот, односно семејството на Ева, на 25.06 доставило барање до Фондот.

„ФЗО е законски обврзан да донесе одлука во рок од 48 часа за болницата каде што ќе се лекува пациентот. Ние тоа и го направивме. На 28.06 ја донесовме одлуката Ева да се лекува во турската болница каде што со издвоените средства од 145 илјади евра требаше да се изврши трансплантација на коскена срцевина и хемо-терапија“, рече Дончев.

Семејството на Ева ја одбило оваа понуда од ФЗО по што приложило приговор до Фондот.

„Службите од ФЗО излегоа во пресрет на барателот и стапија во контакт со германската болница „Униклиник Гисен“, но оттаму повторувам не добивме никаква понуда“, рече Дончев по што додаде дека шпекулациите за цената за лекувањето во Германија од 200 илјади евра не се точни.

Тој истакна дека при целата процедура се запазени сите законски постапки и дека од сите три понуди не е избрана најевтината.

Прашан дали чувствува одговорност, Дончев рече дека прашањето е тенденциозно.

„Ова е трагедија, лично сочувствувам, прашањето дали чувствувам одговорност е тенденциозно, Ева беше во многу тешка, животно-загрозувачка состојба“, рече Дончев.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма