ВО ЖИВО: Избор на техничка влада

Од:

Собранието ја одржува 141. седница со единствена точка на дневниот ред Избор на Влада.

За мене, како мандатар на оваа Влада, нема разлика дали станува збор за еден или 100 дена, за техничка или преодна Влада. Сакам да ве уверам дека во ниту еден миг нема да дозволам да отстапиме од тоа што значи функционална и доверлива институција за граѓаните и институција со јасни надлежности дефинирани со Уставот во однос на другите столбови на власта во Република Северна Македонија, истакна во експозето мандатарот на техничката Влада Талат Џафери пред пратениците на седницата за избор на оваа Влада.

Џафери повтори дека го прифаќа мандатот со задоволство и полна одговорност, со ветување дека совесно и врз основа на Уставот и законите, Владата и преговорите за нејзино формирање ќе ги води согласно политичката потреба и состојба во државата, со надеж дека предложените министри ќе ги исполнат очекувањата на актуелната ситуација и над се, со одговорност кон граѓаните.

Би можело да ве интересира

Не сме скандинавска демократија, но не треба теничка влада за организирање избори, вели Гаши

Катерина Ѓуровски

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

НСДП: Без техничка влада нема фер избори

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

Ќе се укинува техничката влада, Мицкоски најави законски измени