(ВИДЕО) Хаос на собраниската седница, пратениците ја обиколија Биљали, таа се жали бидејќи ѝ гледаат во телефонот

Од:

Уште непочната седницата на Комисијата за европски прашања, се направи хаос. Потпретседателката Арта Биљали-Зендели побара претставникот на Владата да се произнесе за амандман, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа процедурално обраќање. Кога Биљали-Зендели не дозволи, тие почнаа да тропаат по масите. Во салата нема никаков ред, а претставникот на Владата не можеше ни да почне да зборува.

Пратеничката Дафина Стојановска застана пред пултот на Биљали-Зендели, а по неа дојдоа и други пратеници. Сите бараат процедурално обраќање, а не разгледување амандмани.

„Не се плашам, сите дојдете овде, нека гледа народот“, рече Биљали-Зендели, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вратија: „А бе кој те плаши, треба да дадеш процедурално!“

Жестока реакција имаше и од Гордана Силјановска-Давкова, која бараше збор, а не доби.

„Никој овде не е професор, тука сме како пратеници. Одиме понатаму“, рече Биљали-Зендели.

Биљали-Зендели се жалеше дека нема приватност и дека пратениците ѝ гледаат кој ѝ се јавува на телефон бидејќи стојат околу неа.

„Срамота, немаш општа култура. Ти не може да чуваш ни податок кој ми се јавува“, додаде таа.

Седницата повторно се одложи.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска