Во железничката несреќа во Битола загина новинарот Гоце Каревски

Од:

Во железничката несреќа што се случи вчера наутро во близина на Битола животот го загуби поранешниот новинар, дописник на „Нова Македонија” и „Утрински весник” Гоце Каревски, на возраст од 56 години.

Каревски последните години работеше како такси возач. 

Несреќата се случила кај населбата горно Оризари на отворен железнички премин на кој нема рампа.

Деловниот воз Битола-Скопје во 5.30 минути на неколку километри од железничката станица налетал на такси возилото со кое управувал Каревски.

Од силината на ударот, такси возилото било влечено тристотини метри по шините, при што Каревски загинал.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место. Издадени се наредби за обдукција на телото на починатиот и анализа на крв за утврдување на евентуално присуство на алкохол.

По проверките направени на лице место утврдено е дека нема присуство на алкохол кај машиновозачот, јави ТВ Тера

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка