Во земјава повеќе заболени жени од мажи, најмногу заразени на возраст од 50-59 години

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче ја најави втората фаза од пандемијата на Ковид-19 во Македонија, кога се очекува бројот на заболени да расте.

За последните 24 часа се уште нема податоци за број на новозаразени од коронавирусот, а последната бројка е дека во земјава има 555 заболени, 23 лица се излекувале, а 18 починале како последица на вирусот.

Статистиките на Институтот за јавно здравје кои „А1он“ ги изработи преку инфографици, покажуваат дека најголемиот број заболени се на возраст од 50 до 59 годишна возраст. Мажите и жените во земјава заболуваат речиси исто, со тоа што мал степен повисока бројка на заразени има кај жените.

Вчера во земјава имаше најголем број заразени, дури 72. Најголем дел од нив се на возраст од 50 до 59 години, од кои се 32 женски и 40 машки лица.

Вчера беше регистриран е еден смртен случај од Ковид-19. Се работи за 56 годишен маж од Куманово, потврден како позитивен на коронавирусот на 01.04.2020. Тој имал хронично белодробно заболување, без историја на патување и контакт со потврден случај.

Пациентот бил хоспитализиран во кумановската болница на 30.03.2020 и потоа препратен во Градската болница „8 Септември“ каде и починал.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски