Во текот на претходното деноноќие беа регистрирани нови 355 случаи на коронавирусот од направени 3.042 тестирања или 11,6 отсто, што е во рамките на просекот за време на викенд-деновите. Беа пријавени вкупно 15 починати лица, девет во претходните 24 часа и шест преку системот „Мој Термин“.
Евидентирани беа 2.308 оздравени пациенти, од кои 329 во претходното деноноќие, додека останатите 1.980 оздравени се административно затворени случаи од периодот 16.09 – 31.10.2021, информира Министерството за здравство. Со тоа, бројот на активни случаи од околу 8.000 падна на 6.000.
Досега во земјата се направени вкупно 1.481.925 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.025, бројот на оздравени пациенти е 203.325, на починати е 7.631, а бројот на активни случаи е 6.069.
Најмногу активни има во Скопје и тоа 2821, следи Битола со 553, Прилеп – 336, Кавадарци – 247, Охрид – 222, Куманово – 210. Во другите градови има под 200 активни случаи.