Во земјава досега се регистрирани вкупно 222.333 ковид-дијагностицирани лица. Според извештајот на Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 269 случаи на Ковид-19, од направени 3.449 тестирања. Починаа 15 починати, а евидентирани се 353 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 1.562.088 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 222.333. Бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868. Вкупно има 5.174 активни случаи.
Само Демир Капија е без активни случај во моментов, по еден заразен има во Дебар, Пехчево и во Дојран.
Скопје со 2.545 активни случаи во моментов ги има половина од вкупно заразените во земјава. Прилеп и Битола, Кавадарци, Охрид и Куманово се следни на листата според бројот на активни случаи.
Здаравствените власти најавија дека во празничниот период нема да има промени во рестикциите и дека во сила остануваа актуелните мерки за заштита од ширењето на коронавирусот.