Во земјава има 214 активни случаи на Ковид-19

Од:

Епидемиолошката состојба со Ковид-19 засега останува стабилна. Како што соопшти вчера Министерството за здравство во деноноќието меѓу средата и четвртокот биле регистрирани 17 нови случаи на заболени од Ковид-19.

Надлежните уверуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови. Според последниот извештај од Министерството за здравство, вакцина досега примиле 17 521 граѓанин, а ревакцинирани се 305 804 граѓани.

Последните бројки укажуваат на тоа дека најмалку една доза вакцина имаат примено 61 отсто од населението над 70 години, 58 отсто од граѓаните над 65 години, 53 отсто од оние над 60 години и 43 отсто од лицата над 50-годишна возраст.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

– Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, информираат од Министерството.

Исто така, сајтот „vakcinacija.mk“ е отворен и за закажување на термини за вакцинација на децата.

Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во државата продолжува и теренската вакцинација, денеска во 60 населени места.

Согласно вчерашните податоците од Институтот за јавно здравје, во претходното деноноќие се направени вкупно 2.896 тестирања. Од новите случаи на заболени, девет се во Тетово, во Скопје шест, а во Прилеп и Гостивар по еден.

Регистрирани сe седум оздравени пациенти и тоа од Куманово и Тетово по три, и Скопје по еден. Едно лице од Скопје почина, во болнички услови.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска