Во земјава досега се регистрирани триесетина случаи на делта-сојот

Од:

Во земјава досега се детектирани триесетина случаи со делта варијанта, која рапидно се шири насекаде во светот, во регионот, па многу е веројатно истото да се случи и кај нас информираат од Министерството за здравство.

Потенцираат дека делта-сојт на СарсКов2 ја прави вакцинацијата уште поважна, оттука мора да се вакцинираат што поголем број граѓани како би се избегнало повторно затворање, полициски час и слично. Граѓаните мора да покажат висока дисциплина, да се вакцинираат, за да се заштитат самите себе, семејствата, децата, пријателите, колегите на работа. Мерките кои ќе стапат на сила ги најавуваме, ние не сме единствена земја која ќе воведе мерки, многу по рестриктивни мерки веќе се применуваат во земјите од регионот, Европа и светот.

Во обид да се зачува јавното здравје и да се стави под контрола рапидното зголемување на бројот на заразени, што претставува ризик од преоптоварување на здравствените системи, сè повеќе земји воведуваат задолжително приложување на вакцинален сертификат за своите граѓани, за непречено користење на јавните места и услуги.

Министерството за здравство информира, дека за разлика од други земји, каде за одредени категории професии, вакцинацијата кај нив е задолжителна, кај нас истата е прво на избор. Но, ја потенцираме важноста од вакцинација, затоа граѓаните кои досега не се вакцинирале, се двоумат, имаат дилема околу вакцинирањето, да се охрабрат и што побрзо да примат вакцина. Министерството за здравство укажува дека вакцините се безбедни и ефикасни, штитат од компликации на болеста и смртен исход. Само со масовна имунизација може да спречиме ширење на мутации на Ковид 19.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска