Во ЗЕЛС стручна обука за биоенергетски проекти

Од:

Во организација на општина Карпош и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска во Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС се одржа тренинг за биоенергетски проекти во финансискиот сектор.

Стручната обука се организира во рамки на проектот „BioVill“ (Биосело), кој е дел од Програмата на Европската унија за истражување и иновации „Хоризонт 2020“. Овој меѓународен проект го имплементираат општина Карпош и МАНУ, како единствени партиципиенти од Република Македонија.

– Целта на тренингот беше детално и практично да се разработи финансирањето на биоенергетски проекти кои вклучуваат употреба на биомаса. Се говореше и за предностите кои ги нудат другите обновливи извори на енергија, како и за мерките за енергетска ефикасност во Македонија и особено во целната заедница каде се спроведува проектот „BioVill“ во општина Кичево, соопшти општина Карпош.

Раководителот на Одделението за енергетска ефикасност од општина Карпош Љупчо Димов се осврнал на локалните модели за финансирање проекти поврзани со обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Проектот „BioVill“ е тригодишен проект кој се спроведува од март 2016 година и се имплементира преку соработка меѓу девет партнери од седум земји, Македонија, Романија, Словенија, Србија и Хрватска, со пренесување на искуства од Австрија, Германија и други европски земји на партнерите од Југоисточна Европа.

– Биоенергетско село (BioVill) е населба, село, општина или заедница, која ги задоволува своите потреби за енергија (електрична и топлинска), преку локална биомаса, како и преку други обновливи извори на енергија. Самиот концепт вклучува мерки за енергетска ефикасност и заштеда на енергија. Општина Кичево има високи потенцијали на биомаса, како што се шумската биомаса, остатоците од сточарството, тврдиот отпад и остатоците од обработката на дрво, соопшти општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух